Под покровителство на Општина Карпош во организација на МКУД „Цветан Димов“ од Скопје се одржа финалната манифестација на меѓународниот детски фолклорен фестивал насловен „Од цвет на цвет со оро и песна“, кој започна во средата на (7 јуни).
Во рамки на овој кулурно-уметнички спектакл кој годинава се одржа по 27-ми пат на амфитеатарот кај Кејот на реката Вардар, настапија скопските фолклорни друштва КУД „Кочо Рацин“, АМПО „Орце Николов“, Студио „Блажевски“, КУД „Китка“, ЕФЗ „Седум осмини“, КУД „Коце Марковски“, како и гостинските „Самоцвет“ од Украина и „Радост“ од Србија.
Присутните гости уживаа во народните танци и ора кои беа збогатени со беспрекорната кореографија, која ја сочинуваа прекрасните народни носии од различните краишта од поширокиот регион. Овој проект кој има за цел да ја афирмира богатата македонска фолклорна традиција и сцена го поддржа Општина Карпош, која за таа намена од својот Буџет издвои финансиски средства во висина од 100.000 денари.
Извор: Општина Карпош