Нашата престолнина за прв пат е организатор на Европско првенство за средни училишта во кошарка.
Агенцијата за млади и спорт како главен покровител на настанот организираше прес конференција на која го најави натпреварувањето на кое освен четиририте најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција настапуваат и најдобрите 200 средношколци од шест држави.
-Училишниот спорт е темелот односно основата од каде од масовност произлегува квалитет. Натпреварите во училишниот спорт се место од каде произлегуваат и се препознаваат спортски таленти, и од таа причина Агенцијата за млади и спорт дава посебна поддршка во сите активности во организација на ФУСМ, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски.
Федерацијата на училишен спорт е главен организатор на настанот, за чии детали зборуваше претседателот на федерацијата проф Александар Туфекчиевски.
Европското првенство стартува денес, и ќе трае до 17.06. а истото ќе биде искористено за запознавање на културно историските и туристички знаменитости на градот.
Извор: Агенција за млади и спорт