Агенцијата за млади и спорт организираше прием за младите математичари од Македонија, учесници на 64-та Интернационалната математичка олимпијада во Јапонија која со учество на над 110 земји од светот ќе се одржи од 2 до 13 јули.
Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) го организираат претставувањето на нашата земја на ИМО 2023 , а Агенцијата за млади и спорт согласно Правилникот за поддршка на млади талентирани лица им доделува награда на најдобрите кои ќе ја претставуваат Македонија на Интернационалната Oлимпијада во Токио.
Тие неколкупати досега постигнаа фантастични резултати и освоија многу медали на регионалните и светските натпревари.
Македонскиот тим на ИМО 2023 годинава го сочинуваат средношколците: Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Спировски, Никола Цветаноски, Јан Стојановски и Бранко Јангеловски. Учениците ќе ги придружуваат водачот на тимот проф. д-р Мирко Петрушевски и заменик-водачот Илија Јовчески, од Сојузот на математичарите на Македонија.
Извор: Агенција за млади и спорт