Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки беше главен говорник на сесијата насловена “Западниот Балкан на првата линија: регионална соработка и колективен одговор против странските злонаменрни влијанија“ во рамки на Преспа форумот за дијалог.
При своето обраќање, Исаки ја истакна важноста на колективниот одговор во справување со злонамерните влијанија и регионалната соработка, како императив за заштита на суверенитетот, стабилноста и демократските процеси на Западен Балкан .
“Зајакнувањето на нашите демократски институции, зајакнувањето на сајбер безбедноста, спротивставувањето со дезинформациите, поттикнувањето на економската отпорност и ангажирањето со меѓународните партнери се и треба да бидат клучните компоненти на нашата стратегија. Само со здружување, ќе ја прифатиме нашата заедничка визија за безбеден и просперитетен Западен Балкан. Нашата колективна сила ќе обезбеди надворешните актери да не можат да го поткопаат напредокот што го постигнавме досега и светлата иднина што ја замислуваме за нашиот регион. Заедно, ќе победиме против странските злонамерни влијанија и ќе изградиме стабилен Западен Балкан кој ќе го контролира сопствената судбина” рече Исаки.
“Треба да имаме поофанзивна, не само одбранбена акција против дезинформациите за да ја задржиме стабилноста во ЗБ и да ја зајакнеме отпорноста во регионот. Владите од Западен Балкан мора да изградат способности за справување со злонамерното влијание што е насочено кон регионот. Треба да се фокусираме на медиумската писменост за да го намалиме песимизмот на граѓаните во ЕУ. Балканот треба да се третира како целина, а не како игралиште на геостратешки влијанија”, беа клучните пораки кои произлегоа од продуктивната дебата во панелот.
За регионалната соработка и колективниот одговор против странските злонаменрни влијанија на панел дискусијата придонесоа и Николас Фаје, Илхан Сајгили, Адриан Давиду, Вања Петрова, Валбона Зенели и Андреа Стојковски.
Извор: Министерство за надворешни работи