spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на Османи со Клеверли во Лондон

МНР: Средба на Османи со Клеверли во Лондон

„Силна британска поддршка за усвојување на уставните измени и непречен европски пат на државата“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли, на која присуствуваше и  министерот за Европа, Лео Докерти.

Министерот Османи упати благодарност за значајната улога на Обединетото Кралство во одржување на безбедноста и просперитетот во регионот и поддршката во клучните области за напредокот на Северна Македонија, како доброто владеење, реформите во безбедносниот сектор и во судството, како и социо-економскиот развој.

„Обединетото Кралство, изминатите три децении е посветен и доверлив партнер на нашата држава и вокален поддржувач на нашите стратешки надворешно- политички приоритети што претставува уште една потврда за британскиот интерес за долгорочно присуство во регионот“, истакна Османи.

Министерот Османи брифираше околу европското досие на државата и процесот на уставните измени, како неопходен чекор за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија паралелно со реформската агенда потребна за исполнување на условите за членство во ЕУ.

„Нѐ радува силната британска поддршка за усвојување на уставните измени со цел продолжување на евроинтегративниот пат и обезбедување на европската иднина на државата“, потенцира Османи.

На средбата беа разменети ставови за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот од Западен Балкан, како последица од воената агресија врз Украина од позиција на сојузници во рамките на НАТО.

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи информираше за предизвиците со кои се соочува Организацијата и можностите за ндаминување на истите.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте