Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486 умрени лица. Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.
Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика