spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Јавен водовод и јавна канализација, 2022 година

ДЗС: Јавен водовод и јавна канализација, 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2022 година било за 1.8 % повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 67. 0 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2022 година било за 3.3 % помало во однос на 2021 година.

Од вкупното количество испуштени во 2022 година, непречистени биле 72.4 %, а пречистени 27.6 % од отпадните води.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија,...

0
„Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници....