На 2-ри јуни стартуваше второто издание на единствениот камп од ваков тип – ракометниот камп „40х20“ во Охрид во организација на агенцијата КМГ Спорт. Деведесет момчиња и девојки од четири земји, на возраст од 7-17 години, во деновите од оваа недела ги усовршуваат своите знаења во ракометната игра, се дружат и се забавуваат.
Кампот се одржува во комплексот на Хотел „Аквалина“ на брегот на Охридското езеро, од 02 – 07 Јули, комплетирајќи ја втората сезона на проектот Ракомет За Секое Дете, кој вклучува и школа за ракомет и Јуниор куп, турнирски систем на натпревари во мини ракомет на децата од школата.
Иуте Кредит Македонија како докажан поддржувач на младинскиот спорт и ова лето даде свој придонес за подобра ракометна игра и изненадувања за децата во кампот.
#РакометенКамп40×20 #MacedonianHandballCamp #HandballCamp #Handball #NoPlaceIRatherBe #Ohrid2023 #Macedonia
Извор: ИутеКредит Македонија