HomeОпштиниПехчево: Прскање против комарци

Пехчево: Прскање против комарци

spot_img
spot_img

Општина Пехчево ја информира јавноста дека на 10.07.2022 година, (понеделник) во периодот од 17:00 – 04:00 часот  ќе се спроведе терестичко (од земја) третирање против комарци на територијата на општина Пехчево (Пехчево и околните населени места).

 Со третирањето ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот  и околината односно,  границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл.Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата,, и с.Негрево.Во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица,, и градската депонија.

 Општината апелира пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.

 Во случај на врнежи прскањето ќе се одложи за наредниот ден во истото време, односно доколку временската нестабилност продолжи терестичкото третирање на возрасни комарци ќе се одолжи за оној ден кога ќе се создадат услови за тоа.

 

 

 

 

Извор: Општина Пехчево 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија