spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: 10 години од постоењето на Националниот младински совет на Македонија

АМС: 10 години од постоењето на Националниот младински совет на Македонија

Честитки за 10-годишнината од постоењето на Националниот младински совет на Македонија, најголемото претставничко тело и непоколебливиот дух на младите луѓе во нашата држава.

Изразуваме благодарност до секој млад човек што бил дел од Националниот младински совет и тоа што со Вашата посветеност, ентузијазам и јасна цел бевте движечката сила зад успесите што ги постигнавме, но и ќе ги постигнуваме во иднина.

Овој јубилеј денес не е само обична прослава, туку тоа е одраз на залагањата за инклузија и различност и овозможување учество на младите во процесите на донесување одлуки. Сведоци сме на тоа како вие, со сите партнери, вклучително не и нас институциите, посебно Агенцијата за млади и спорт креиравме политики, спроведувавме програми и уривавме бариери. Токму во свет исполнет со несигурност и брзи промени, енергијата и решителноста на младите го осветлуваат патот напред. Нашит главен стремеж останува да создадеме средина која го негува потенцијалот на секој млад човек, овозможуваме квалитетно образование, пристап до здравствена заштита и можности за вработување и да обезбедиме секој млад човек да се чувствува ценет и почитуван.

Драги млади, Агенцијата за млади и спорт како институција задолжена за развој на  младите во државата, работи и придонесува за подобрување на благосостојбата на младите во РСМ.

Во изминатиот период како институција главен фокус ставивме на Националната стратегија за млади 2023-2027, која има за цел да придонесе кон намалување на бариерите со кои се соочуваат младите, а поттикнува и овозможува целосно и ефективно учество во општеството на иста основа како и другите чинители.

Поставените стратешки цели и мерки на дејствување се засноваат на предизвиците идентификувани од младите, статусот и развојните потреби на младинскиот сектор, како и младинските трендови во државата.

Продолжуваме со поддршка во јакнењето на младинската инфраструктура за млади и ќе направиме се, трендот на воспоставување и локални младински совети да продолжи во секоја општина и младите да имаат можност да го артикулираат својот глас.

Покрај ова, продолжуваме да ги јакнеме капацитетите на младинските организации и неодамнешнот настан заедно со Европската младинска фондација и  Совет на Европа е потврда дека креираме можности за младите и отвараме нови шанси за сите.

Поддржуваме програми преку кои позицијата младински работник ја креваме на едно скалило погоре и ќе настојуваме младинската работа да биде професионална и призната.

Сепак, пред нас сме соочени и со сериозни предизвици и секоја критика и искажано незадоволство од страна на младите мораме да го прифатиме и заедно да ги менуваме работите на подобро, слушајќи ве сите вас и вашите потреби. Само така може да одиме напред.

Иако Законот за младинско учество и младински политики е сериозен исчекор кој дава можности и насоки за широко и систематско вклучување на младите луѓе во низа на процеси на централно и локално ниво, сепак преостануваат низа на предизвици кои се пред нас и сме подготвени да ги надминеме. Заедно со Клубот за младински прашања и политики во Собранието наскоро ќе работиме на измени на ова законско решение и ќе се адаптираме на барањата и надминување на сите проблеми со кои се соочуваме во имплементацијата на овој Закон.

Младите имаат право да бидат вклучени и во донесувањето на политики кои не ги засегаат директно. Политиките кои се стремат да го подобрат животот на младите никогаш не може да се ограничат само на полето млади. Преку нашите програми и ресурси ќе настојуваме младите да бидат вклучени во решавање на хоризонтални прашања поврзани со родовата еднаквост, борбата против дискриминацијата, социјалната инклузија, дигитализацијата, и останати теми кои го засегаат општеството. Без разлика на форматот на вклученост, комуникацијата со младите мора да се заснова на принципот на почит и рамноправност. Во рамки на процесите на одлучување, слободната волја, правото на избор и учеството на младите се клучни. Да се потрудиме и заложиме за елиминирање на токенизмот и вклучувањето на младите како „декор“ во процесите на донесување одлуки.

Горди сме што заедно со Националниот младински совет ја доделуваме годишната награда за Младинско учество и го валозиризаме трудот на младите активисти и организации. Покрај тоа, изминатиот период, покажавме дека заедно можеме да направиме многу и навистина сме благодарни што добиваме несебична поддршка од нив и се наши верни партнери во реализација на сите важни политики за млади, почнувајќи од имплеметирање на разни сервиси до млади, па се до вклучување и мониторинг за важни младински прашања.

Заедно, да продолжиме да ги поместуваме границите, да ги уриваме стереотипите и да создаваме општество кое вистински ги зајакнува нашите млади. Млади искористете ја секоја прилика што ќе ви се појави. Преземете водство, прифатете ги предизвиците и настојувајте да оставите позитивно влијание врз светот. Запомнете, промените започнуваат во секој од нас, и заедно можеме да создадеме иднина што гордо ја нарекуваме наша.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...