HomeСамостојни органиАМС: Признанија за шампионите од Европските училишни игри во кошарка

АМС: Признанија за шампионите од Европските училишни игри во кошарка

spot_img
spot_img

Гимназијалците од Никола Карев се победници на Европските училишни игри во кошарка кои за прв пат се одржаа во Скопје.

Женските претставнички, кои беа најдобри на државните натпревари, ученичките од СОУ „Ѓорче Петров ” од Крива Паланка го освоија одличното трето место, иако нивните очекувања беа повисоки. Повредата на најдобрата кошаркарка во тимот, како и одсуството на неколку репрезентативки беше причина за освоената бронза.

Поголемиот дел од играчите заедно со своите тренери и директори на училиштата беа на прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој директорот Наумче Мојсовски им додели признанија, посакувајќи им да продолжат да спортуваат и да бидат исто така успешни и во сениорските тимови и репрезентации.

Да се носи националниот дрес е чест, без разлика дали се настапува во име на училиште, клуб или репрезентација, а вие тоа го направивте гордо, истакна Мојсовски.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија