spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога достави Иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не...

МП: Лога достави Иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не е почитуван уставниот рок за објавување во Службен весник

Со цел да се гарантира уставноста и законитоста на прописите во државата и за сите да важат уставните рокови за објавување во Службен весник,министерот за правда Кренар Лога денеска до Уставниот суд достави 10 Иницијативи во име на Министерството за правда и 10 во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот.
На потег се почитуваните судии од Уставен суд од кои очекуваме да се произјаснат за Иницијативите со истата ефикасност, брзина и експедитивност како што постапија за Упатството за матичните книги на минатата отворена седница.
Во Иницијативите е наведено дека во изминатиот период воочена е објава на повеќе прописи за кои постои уставна обврска за објава во ,,Службен весник на Република Северна Македонија”, а кои се објавени во спротивност со членот 52 , односно не е почитуван уставниот рок од седум дена за објавување на прописите .
Од Уставниот суд исто така се бара по службена должност да ја испита уставноста на прописите за кои не е почитуван уставниот рок од седум дена за нивно објавување.

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...