spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нови капитални инвестиции – одвоени 42 милиони денари со првиот...

Ѓорче Петров: Нови капитални инвестиции – одвоени 42 милиони денари со првиот ребаланс на Буџетот 2023

На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров изгласан е ребалансот на буџетот за 2023 година. Се вршат корекции на приходите и расходите, односно се додаваат средства каде што е неопходно и итно да се делува, во насока на интересите на нашите жители.   Капиталните расходи се зголемуваат за 42.007.973 денари, главно за нова урбана опрема, машини, реконструкција на улици и патишта и се што претставува круцијална потреба на граѓаните.

 

Од билансот на тековно оперативни расходи, се забележува зголемување од 17.801.226 денари каматни плаќања, отплата на кредити и поправки и тековни одржувања.  Советниците изгласаа повеќе средства за повеќе ставки, меѓу кои:   -26 милиони денари за изградба и реконструкција на улици во урбан и рурален дел на општината -11 милиони денари за нови линии за атмосферска, фекална канализација и пречистителни станици -6 милиони денари за изградба на нови спортски и детски игралишта -2 милиони денари за проектирање на нова детска градинка -Дополнителни 1 милион денари за поддршка на спортот во Ѓорче Петров – и 2 милиони денари за нова урбана опрема.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...