spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Директорот Мојсовски оствари средба со Амбасадорката на СР Германија, Дрекслер ,...

АМС: Директорот Мојсовски оствари средба со Амбасадорката на СР Германија, Дрекслер , Амбасадорот на Франција, Баумгартнер и заменик-амбасадорот на Италија Марио де Роса

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски оствари средба со Амбасадорката на СР Германија Петра Дрекслер , Амбасадорот на Франција, Кирил Баумгартнер и заменик-амбасадорот на Италија Марио де Роса.

Високите дипломатски претставници на најголемите поддржувачи на RYCO (Regional Youth Cooperation Office – Канцеларијата за регионална младинска соработка) уште еднаш ја искажаа својата посветеност на Берлинскиот процес и за активностите што произлегуваат од Секретаријатот на RYCO. Истовремено дадоа и недвосмислена поддршка и за трансформацијата на локалните канцеларии на RYCO во шесте членки од Западниот Балкан и реформите што треба да се направат согласно препораките на консултантската куќа Deloitte.

Република Северна Македонија како една од членките на RYCO дава како финансиска така и организациска поддршка за сите активности поврзани со младинските политики во земјата и во регионот. Истовремено, на седницата на Управниот одбор на RYCO во декември 2022 година, директорот Мојсовски даде предлози за унапредување на препораките на Deloitte во однос на внатрешното организирање на Секретаријатот на RYCO и истите беа едногласно усвоени. Со тоа државата ја потенцира својата посветеност на сите процеси кои произлегуваат од овој и тоа како важен сегмент на Берлинскиот процес.

На средбата со амбасадорите на СР Германија, Франција и Италија се потврди намерата за преземање на клучни чекори за целосно усвојување на препораките на Deloitte на следната седница на Управниот одбор на RYCO која ќе се одржи на 17ти јули 2023 година во Тирана.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...