Извидништвото како движење има за цел да придонесe за физичкиот, менталниот и духовниот развој на младите луѓе, со цел тие да имаат конструктивна улога во своите општества, со цел развивајќи вештини за снаоѓање во природа, како и создавање на основните вредности интегритетот, одговорноста, тимската работа и вклучувањето во заедницата.
Како Агенција за млади и спорт во духот на младите она што е заедничко со Сојузот на извидниците е поддршка во сите заеднички активности , силното партнерство, Со сојузот на Извидниците имаме потпишано Меморандум за соработка , Сојузот со свои представници завзема активно учевство во креирање на Националната стратегија за млади, активно учевство во делот на младинските активности како и поддршка за сите организирани настани со и за младите.
Сојузот на извидници на Македонија во својата 70 годишна историја посветено работи на неформално образование и развој на деца и млади . Сојузот со своето делување оформува млади лидери во своите заедници, заеднички активности на младите и возрасните, создава одговорни млади луѓе спремни на сите животни предизвици.
Агенцијата за млади и спорт и посакува успех во сите активности на Сојузот и уште многу деца кои ќе се приклучат во извидништвото.
Извор: Агенција за млади и спорт