spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Уште еден Македонец на врвот на Монт Еверест

АМС: Уште еден Македонец на врвот на Монт Еверест

После еден месец аклиматизација македонскиот алпинист Златко Јаќовски го искачи највисокиот врв на светот.

Јубилејот седум децении искачување на Монт Еверест го збогати успехот на македонскиот алпинист, иако јубилејот го одбележаа голем број несреќи: дури 20 смртни случаи и најмал процент на искачувања-под 40%.
Во екстремно тешки временски услови, Јаќовски успешно ја заврши својата експедиција и веќе размислува за нови подвизи.
Неговата наредна дестинација е Ама Даблам планирана за ноември оваа година.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски му додели плакета за ова остварување и потенцира дека секогаш ќе ги поддржува успесите на македонските спортисти, вистински изненаден од екстремните услови во Непал за кои Јаќовски презентираше документиран материјал.
Македонското знаме повторно се развеа на планините на Непал.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Карпош: Подготвени за Снежниот бран

0
Почитувани, Во текот на попладневните часови од страна на Општина Карпош беше ангажирано едно специјализирано возило кое фрли 20 тони сол по главните улици во...