HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Уште еден Македонец на врвот на Монт Еверест

АМС: Уште еден Македонец на врвот на Монт Еверест

spot_img
spot_img

После еден месец аклиматизација македонскиот алпинист Златко Јаќовски го искачи највисокиот врв на светот.

Јубилејот седум децении искачување на Монт Еверест го збогати успехот на македонскиот алпинист, иако јубилејот го одбележаа голем број несреќи: дури 20 смртни случаи и најмал процент на искачувања-под 40%.
Во екстремно тешки временски услови, Јаќовски успешно ја заврши својата експедиција и веќе размислува за нови подвизи.
Неговата наредна дестинација е Ама Даблам планирана за ноември оваа година.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски му додели плакета за ова остварување и потенцира дека секогаш ќе ги поддржува успесите на македонските спортисти, вистински изненаден од екстремните услови во Непал за кои Јаќовски презентираше документиран материјал.
Македонското знаме повторно се развеа на планините на Непал.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Младите треба да добијат вистинска шанса за прво...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, кој се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство...