Бронзениот медал на најдобрата македонска таеквондистка Мила Рељиќ на отвореното првенство во Турција беше причина за прием во Агенцијата за млади и спорт. -Честитки за медалот и за упорноста на тренерот Ефтимов. Посветеноста, стручноста и професионалноста кај спортските работници е предуслов без кои е невозможно да се биде на светскиот врв, истакна директорот Наумче Мојсовски. Рељиќ заедно со својот тренер интензивно продолжуваат со припрема за претстојните три гранд-при натпреварувања во Франција, Кина и Велика Британија на кои се обезбедува бодови за олимписка норма, како и квалификационите натпревари за ОИ.
Извор: Агенција за млади и спорт