Градот Скопје ги информира граѓаните дека средствата за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени.
Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на градот Скопје за поекономични форми на загревање – високoефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2023 година, беше со траење до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Јавниот повик се прекинува поради исцрпување на предвидените финансиски средства.
Според условите во повикот, на граѓаните кои аплицираа и ги исполнуваат условите од јавниот повик, ќе им бидат надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 20.000 денари во нето износ.
Извор: Град Скопје