spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Јавен оглас за ангажирање на работници

Радовиш: Јавен оглас за ангажирање на работници

Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2023 година, донесената Програма за измена на Програмата за активноси на општина Радовиш од областа на социјалата,детската и здравствената заштита за 2023 од Советот на општина Радовиш бр: 08-1143/1 од 11.07.2023 год. и донесеното Решение за формирање на Комисија на Градоначалникот на Општина Радовиш, Комисијата распишува:

 

 ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на 7 (седум) работници за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци  за населените места : Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Јаргулица, Подареш и Ораовица

 

I.Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

 

Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 21.07.2023 а најдоцна до 27.07.2023 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на општина Радовиш во Архива секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.

 

  1. Права и обврски на лицата

-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е финансиска поддршка во износ од 13.000 (тринаесет илјади) денари месечно за едно ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

-За време на вршењето на јавните работи, ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.

-Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 5 месеци и тоа од 01.08.2023 год. до 31.12.2023 год.

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

-Одржување на градските и руралните паркови;

-Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;

-Одржување и чистење на речните корита и зелените површини покрај стамбените згради;

-Чистење на локалните патишта и улици и чистење на канафки и канали (на ниво на општина);

-Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација

 

Комисија за јавни работи

Претседател: Љупче Почивалец

 

21.07.2023 год.,Радовиш.

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш

Прочитајте