HomeОпштиниРадовиш: Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на општината

Радовиш: Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на општината

spot_img
spot_img

Во официјална посета на општина Радовиш беше амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

 

Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Градоначалникот Ацо Ристов и со членовите на Советот на општина Радовиш.

На средбата амабасадорот Гир беше запознаен со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и сл. а се дискутираше и за процесот на децентрализација, потребните реформи на системот на финансирање на општините, можностите за привлекување на инвестиции, проектите околу заштитата на животната средина и сл.

 

Исто така амбасадорот го посети општинското средно училиште „Коста Сусинов“ каде беше извршена презентација на проектот „Зелена топлина“ кој е целосно финансиран од Европската унија, а потоа во Музејот на љубовта и уметноста оствари средба со невладини организации, здруженија и граѓани од повеќе области, притоа разменувајќи мислења на повеќе теми, актуелни за нашето поднебје.

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија