Општина Ѓорче Петров го заврши поставувањето фекална канализација на улицата „43“ во Волково.
На оваа улица во должина од 200 метри во моментов се врши приклучување на околните куќи на мрежата.
-Нашите планови се улиците каде е неопходна интервенција да бидат опфатени веднаш и според урбанистичките програми за работа. Неодамна, Општина Ѓорче Петров заврши голем дел од фекалната и атмосферска канализација на улицата „Радушка“, а стартувавме и со целосна реконструкција на крак од истата улица – соопшти градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Извор: Општина Ѓорче Петров