spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Активности кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во...

МП: Активности кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.
Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.
За случајот со модуларната болница во Тетово,во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Прочитајте

Илинден: Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

0
Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен...