spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Министерот Бесими нов член на Коалицијата на министрите за финансии за...

МФ: Министерот Бесими нов член на Коалицијата на министрите за финансии за климатска акција

 Министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими беше избран за полноправен член на глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција. Коалицијата претставува глобална иницијатива во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници на 26 институционални партнери.

Коалицијата е основана во април 2019 година со цел координирање на активностите на министрите за финансии во насока на почитување на преземените обврски од Парискиот климатски договор и Хелсиншките принципи за климатска акција. Мисијата на Коалицијата е целосно компатибилна со Планот за забрзан раст 2022 – 2026 година, во кој една од приоритетните области е заштита на животната средина заедно со климатската акција, како и со Фискалната стратегија 2023 – 2025 со изгледи до 2027 година, Програмата на економски реформи 2023 – 2025 година и другите стратешки документи на Владата и Министерството за финансии.

Климатските промени се реалност, а поплавите, сушите, пожарите и другите природни непогоди бараат функционални системи за превенција и справување, коишто треба континуирано да се вградуваат во буџетскиот процес. Исто така, Коалицијата има за цел да ја поттикне зелената транзиција, меѓу другото, и преку поголемо користење на обновливите извори на енергија и поголема заштита на погодените категории граѓани и фирми. Воедно, Коалицијата е задолжена за координиран одговор на министрите за финансии, преку поголеми јавни инвестиции и мобилизирање значаен приватен капитал за зголемување на адаптибилноста и отпорноста кон климатските промени. Државите членки на Коалицијата учествуваат со 40% во глобалната емисија на стакленички гасови и со 66% во светскиот бруто-домашен производ.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...