spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот за Лога се сретна со шефот на Обвинителството за гонење...

МП: Министерот за Лога се сретна со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Абази

На средбата меѓудругото , се разговараше за постапката која е во тек во ова обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена  јавнообвинителска одлука.

Во однос на другите прашања, се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027  како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.
Јавниот обвинител Абази го информираше министерот за правда Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите.
Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...