spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за избор на стручно лице за учество во комисија...

МОН: Јавен повик за избор на стручно лице за учество во комисија за јавна набака на Опрема за воспостaвување на приватен облак за централизирано управување со сајбер безбедност

Министерството за образование и наука има потреба од избор и ангажирање на стручно лицe за изработка на условите и барањата за следнава услуга:

Опрема за воспостaвување на приватен облак за централизирано управување со сајбер безбедност

 

Од стручното лице се очекува да:

– Изработи техничка спецификација за предметната јавна набавка;

– Учествува во изготвување на барање за јавна набавка;

– Дефинира услови во техничката спецификација и барањето за јавна набака на начин на кој поблиску и поцелосно ќе се запазат принципите од Законот за јавни набавки, односно, конкурентност, еднаков третман, недискриминација, транспарентност, како и рационално и ефикасно искористување на средства во постапка за јавна набавка;

– Одговара на прашања од областа за која ќе биде избран, поставени од страна на економските оператори до комисијата за јавни набавки преку ЕСЈН;

– Учествува во евалуација на понудите поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација и финансиските понуди во врска со цената и условите утврдени во тендерската документација;

– Подготви извештај за спроведена постапка;

 

Услови за аплицирање

– Да има минимум високо образование од областа на информатички науки/електротехнички науки

– Да има минимум 10 години континуирано работно искуство со информатички технологии и проекти во делот за информатички технологии

– Да работел на најмалку 3 проекти во кои се развиени / се развиваат дигитални продукти или системи и да учествувал во најмалку еден проект за развој на услуги за управување со сајбер безбедност

– Познавање на новите и развојни технологии поврзани со сајбер безбедност

 

Надомест за работа

20.000МКД

 

Начин на аплицирање

Со доставување на побарана документација во архивата на министерството.

 

Рок за аплицирање

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 16.08.2023 година до 16 часот.

 

Потребни документи

 

1.     Диплома за високо образование од бараната област – фотокопија

2.     Листа со минат труд од АВРМ или М1 образец

3.     Листа на проекти и изјава за докажување на способност.

4.     Кратка биографија (CV).

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...