spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Обезбеден бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение

Аеродром: Обезбеден бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение

Втора година по ред, Општина Аеродром обезбеди бесплатен таблет-уред за секој ученик кој посетува настава во четврто одделение во некое од општинските основни училишта.

За ова информираше градоначалникот на општината Тимчо Муцунски преку својот фејсбук-профил, истакнувајќи дека со овој проект се создаваат услови за непречено одвивање на наставата, но и директна помош за учениците во совладувањето и правилното користење на новите технологии.

„Особена чест ми е што оваа мерка се реализира и оваа година, во услови кога владата не може да обезбеди учебници за почеток на учебната година, кога не гледаме никакви инвестиции во образовната инфраструктура и сведочиме на стагнација во образованието и науката. Од 1 септември, сите ученици во Општина Аеродром ќе ја почнат наставата во реконструирани објекти, со нови униформи, таблет-уреди, како и најсовремени услови за спорт и рекреација“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Линк од објавата: bit.ly/45iT6eU.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МЈА: Минчев ги презентира клучни реформи во јавната администрација

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес на прес конференција ги презентираше клучните реформи и предлог законските решенија кои ќе значат пресвртница во управувањето...