Општина Гази Баба ја реализира и оваа година мерката за доделување на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари за секое семејство, кое ќе има запишано прваче за учебната 2023/24 година.
Во услови на економска криза и сериозна инфлација како локална самоуправа преку доделување на директна финансиска помош даваме поддршка на семејствата кои имаат запишано прваче.
Оваа мерка се реализира по втор пат и претставува исполнето ветување од програмата за градоначалник на Бобан Стефковски во Општина Гази Баба.
Ги повикуваме сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да ја искористат можноста и да поднесат барање за исплата.
Потребни документи за поднесување: потврда од основно училиште, извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите, копија од трансакциска сметка.
Извор: Општина Гази Баба