Утрово градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на општинското основно училиште “Дане Крапчев” во н.Ченто.
Тука во завршна фаза се градежните активности за комплетна реконструкција на двете соблекувални кои се дел од училишната спортска сала.
Последен пат пред оваа реконструкција, соблекувалните биле реконструирани пред цели 25 години.
Дополнително извршена е и комплетна промена на осветлувањето на училишната сала со најсовремени лед светилки, а низ дел од училиштето се извршени и молерско – занаетчиски работи.
Во соработка со директорите на училиштата реализиравме бројни градежно – занаетчиски работи во насока на подобрување на квалитетот на условите за образование и воспитание на учениците.
Извор: Општина Гази Баба