Општина Ѓорче Петров го реши долгогодишниот проблем со пристапот кон ул. Знеполе од главната ул. Ѓорче Петров.
Тесното грло кое претставуваше реален проблем за безбедноста на учесниците во сообраќајот и движењето на пешаците во овој дел е надминат.
Во наредниот период од страна на ЈП Улици и Патишта и Град Скопје на оваа раскрсница ќе биде поставена вертикална светлосна сигнализација.
Со овие решенија ќе се надмине уште една црна точка и значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Извор: Општина Ѓорче Петров