spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Повторна Јавна презентација и анкета по предлог ДУП З 06,...

Карпош: Повторна Јавна презентација и анкета по предлог ДУП З 06, БЛОК 06

Општина Карпош ги информира граѓаните дека презема активности за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок 06. Притоа, во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9), повторната Јавната анкета ќе биде отворена за жителите на Карпош во периодот од 31.08.2023 до 06.09.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Повторната Јавна презентација пак, ќе се одржи во понеделник (31.08.2023) со почеток во 13:00 часот, исто така во просториите на локалната самоуправа.

Инаку, планскиот   опфат   кој   е   предмет   на   уредување   со   овој   Детален   урбанистички   план,   зафаќа површина од 2.48 ха и неговата местоположба е дефинирана во рамките на следните граници:

  • на север со улицата „Прашка“,
  • на исток со улицата „6“,
  • на југ со транзитна магистрала, булевар „Македонија“,
  • на запад улица „7“.

 

Анкетните листови за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат изложени во просториите на Општина Карпош. Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.

Деталите за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок 06, Општина Карпош, ќе бидат објавени на општинската веб страница www.karpos.gov.mk во делот на огласната табла.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...