HomeОпштиниАеродром: Oпштината прогласена за највело општина, според гласовите на граѓаните

Аеродром: Oпштината прогласена за највело општина, според гласовите на граѓаните

spot_img
spot_img

На јавен настан кој се одржа денеска, на Општина Аеродром и беше доделена награда „Највело општина”, избрана од страна на граѓаните на јавна анкета која беше спроведена од страна на Здружението на граѓани „Центар за одржливи иницијативи“ и неформалната групата ентузијасти „НаТочак“.

Оваа награда e потврда на заложбите на Општина Аеродром за подобрување и унапредување на мобилноста на локално ниво, но и поттик да се работи и понатаму во делот на велосипедската инфраструктура. Целта на наградата е преку позитивен пример да влијае на зголемување на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција.

Општина Аеродром останува посветена на промоција на урбаната мобилност и здравиот начин на живот. Во следниот период продолжуваат активностите за прифаќање на новите еколошки и инфраструктурни предизвици, но и конкретните активности за вклучување во климатските акции кои ќе придонесат за почиста општина и позелено опкружување.

 

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија