Викендов, Општина Кисела Вода ве поканува на “Кино на отворено”! Традицијата започната минатата година продолжува и годинава во паркот “Македонија”, веднаш до домот на култура “Билјана Беличанец”. Во сабота и недела, 26-ти и 27-ми август, со почеток од 20:30 часот ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци”, потоа и фимот “Кајмак” во сабота и ,,Ах, љубов моја” во недела.
Бесплaтните филмски проекции на „Кино на отворено” се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода во соработка со Авард Филм и Видео, “Банана филм”, како и со МРТВ и “Вардар Филм”.
Програма:
Сабота 26.08.2023
20:30- 22:00 две епизоди од серијалот ,,Викенд на мртовци”
22:00- 23:30- ,,Кајмак” во режија и сценарио на Милчо Манчевски.
Недела 27.08.2023
20:30- 22:00- две епизоди од серијалот,,Викенд на мртовци”
22:00-23:30- ,,Ах љубов моја” во режија на Коле Ангеловски.
Извор: Општина Кисела Вода