spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан жителите...

Кисела Вода: Со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан жителите добиваат црква во близина на општинатa

Со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, жителите на општина Кисела Вода ќе добијат црква во близина на објектот на општината. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан вчера ја посетија малата црква во која со донации од добронамерни луѓе, интензивно се работи на фрескоживописот и околу која ќе има уреден парк. Ја посетија и црквата ,,Св. Петка” која следната година одбележува еден век постоење и каде ќе биде извршено партерно уредување и санација на самата црква.

 

-Денес е голем за жителите на Кисела Вода! На моја огромна чест и задоволство, заедно со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан извршивме обиколка на црквичката која се наоѓа во непосредна близина на општината и каде што, по долги години, конечно добивме благослов ова долгогодишно барање на жителите, да имаат своја црква, станува реалност!


Во овој момент се работи на фрескоживописот во самата црква, кој се изработува со донации од верниците и луѓето со добра волја, а околу истата ќе има убав парк во кој верниците ќе можат да го поминат своето слободно време и да бидат поблиску до Бога.
Ја посетивме и црквата ,,Св. Петка” која другата година слави 1 век постоењеи каде што, со Божја помош и промисла ќе извршиме партерно уредување и санација на самата црква.

 


Црквата е наш дом, наше тивко засолниште, таа е училиште на верата и моралниот живот и токму затоа мора да ја почитуваме и сите заедно да придонесуваме. Нека Бог е со нас-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...