spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Избраната компанија беше далеку поевтина од останатите компании, изборот е целосно транспарентен и согласно процедурите
Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за надворешни работи, како носител на буџетот за претседавањето со ОБСЕ  во 2023 година, да спроведе постапка за набавка на градежни и други работи и услуги за реализација на внатрешната адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје за одржување на Конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Станува збор за најголемиот меѓународен политички настан кој некогаш се организирал во државата на кој ќе присуствуваат околу 70 министри за надворешни работи на земјите учеснички на ОБСЕ.
Адаптацијата на објектот на спортскиот Центар Борис Трајковски задолжително мора да се направи почитувајќи ги стандардите и безбедносните протоколи на ОБСЕ. Овој настан секоја земја претседавач го организира на крајот на годината од своето претседателство. За таа цел беа направени соодветни проценки на потребните работи кои беа одобрени од централата на ОБСЕ, а кои предвидуваат голем обем на работи утврдени со техничка спецификација согласно барањата на организацијата.
Постапувајќи по задолженијата од страна на Владата, Министерството за надворешни работи ја спроведе постапката за јавна набавка на работи за предметната цел, во целост придржувајќи се кон одредбите на Законот за јавни набавки, почитувајќи ги  начелата на економичност, ефикасност и ефективност на користењето на јавните средства, обезбедување конкуренција и транспарентност како и еднаков третман и недискриминација на економските оператори во која учествуваа четири фирми.
На јавната набавка се пријавија вкупно четири компании а изборот на изведувач на работите се вршеше врз основа на понудена најниска цена. Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од трето-рангираната и четврто-рангираната компанија. Увид во постапката и изборот кој е целосно согласно процедурите имаат сите институции и јавноста, а одлуката ја потврди и второстепената Комисија. За предвидените работи беше склучен договор во рамковен износ до 95 000 000 денари, а ќе се искористи согласно потребите и поединечните цени понудени како најниски за извршените работи.
Дополнително сакаме да истакнеме дека ова ќе биде едно од најниско буџетни претседавања во поновата историја на ОБСЕ, а ќе се вброи во претседавањата со извонредено голем број на активности, организирани настани и покренати иницијативи. Треба да бидеме свесни дека вака значајните меѓународни активности на секоја земја чинат пари и бараат буџетски издвојувања. Нашиот буџет за Претседавањето со ОБСЕ ќе биде најмал во споредба со сите други во последните 10 години. Патем, буџетот на Министерството е транспарентен документ и тој може да се провери.

Прочитајте