spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени...

МЗШВ: Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови

Дадениот збор на министерот Николовски на средба во месец април со претставниците на домашните производители на раноградинарски култури со оранжериско производство е исполнет.

 

Како што тогаш вети министерот Николовски преку Интервентната програма е креирана мерката за нивна поддршка со која ја надоместуваме разликата помеѓу производната и продажна цена, како резултат од владината одлука за замрзнувањето на цените за овошјето и зеленчукот.

Владата на последната владина седница на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови е третата нова мерка во Интервентната програма за 2023 година, покрај претходните две мерки за поддршка на производителите на пченица под контролирани услови и мерката за дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се производители на домат и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и кои имаат поднесено барање по подмерка 1.6. „Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година.

Висината на финансиската поддршка од оваа мерка изнесува  35 денари по килограм за домат кој е произведен и продаден во период од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари  по килограм за краставица која е произведена и продадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година.

Со буџет од 317 милиони денари оваа година креиравме отворена Интервентната програма, преку која излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец, креирајќи навремено мерки за поддршка.

Како министерство остануваме посеветени во креирањето на мерки за секој еден земјоелец и поддршка и развој на македонското земјоделство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...