spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Финансиска поддршка од 5,7 милиони денари за систем за наводнување на...

МЗШВ: Финансиска поддршка од 5,7 милиони денари за систем за наводнување на опитните полиња од Институтот за тутун во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој при министерството, Трајан Димковски беа во посета на Институтот за тутун во Прилеп.

Научниот Институт за тутун од Прилеп е една од најстарите научни институции на Балканот, која следната година го слави својот 100 годишен јубилеј од основањето.

Како министерство нашата соработка со Институтот за тутун ја зголемуваме и продлабочуваме. Преку програмата за рурален развој обезбедуваме поддршка за институтот за поставување на систем за наводнување на опитни полиња. Вкупно 5.740.000 денари финасиска поддршка е обезбедена за наводнување на 14 хектари земјоделска површина во сопственост на Институтот за тутун, на која се сади сортата “Прилеп 66”, која е сопствена сорта на Институтот.

Институтот за тутун во Прилеп е од голема важност за научноистражувачката, образовната и производната дејност. Преку четири одделенија и еден оддел, сите овие години успешно ја извршува своја научна дејност. Институтот за тутун е една од првите установи во државата со 5 акредитирани лаборатории од Институтот за акредитација, со Сертификат бр 12, од 2009 година. Располага и со прекрасна збирка на слики и фотографии, на кои може да се види маката на вредните тутунари низ времето.

Поддршка како министерство исто така обезбедивме и за Институтот за ориз во Кочани, преку обновување на опремата во лабораторијата, враќање на земјоделските површини назад во сопственост на Институтот за ориз и обезбедување на нов стручен кадар.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува и понатаму верен поддржувач на научните институти во областа на земјоделството.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...