Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на посетата на Институтот за тутун во Прилеп, изврши увид во набавената опрема преку ИПА фондовите на Европската Унија, за потребите на Ген Банката.
Ген Банката е во состав на Институтот за тутун во која се чува семенски материјал од 56 различни сорти на тутун и место каде се одржуваат сите автохтони сорти на тутун.
Преку ИПА програмата со средства од ЕУ го зајакнуваме Институтот за тутун со нова опрема, која ќе помогне за научни цели и поддржување на автохтоните раси. Ротилиште, автоматски бројач на семе, термосушица и дехумификатор се само дел од опремата која се набавува за потребите на Институтот
Со 270.000 евра средства на ЕУ преку ИПА фондовите обезбедивме опрема за три научни институции, Земјоделскиот Институт во Скопје, Земјоделскиот факултет при УГД во Штип и Институтот за тутун во Прилеп.
Поддршката која ја добиваме од Европската Унија преку ИПА и ИПАРД прогамите е значајна и важна за земјоделците и континуирано помага во развојот и модернизацијата на македонското земјоделство.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство