spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Присуството на министерот за правда на седници, без право на глас...

МП: Присуството на министерот за правда на седници, без право на глас не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет

Во изминатите години, неколку министри за правда не присуствуваа на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело.

Веднаш по стапувањето на функцијата министер ,го известив Судскиот совет и побарав да се почитува препораката на ГРЕКО и да се интервенира во Уставот со бришење на оваа одредба, во спротивно најавив дека ќе присуствувам на сите седници на Судскиот совет на кои имам право како член по функција затоа што Уставот мора да се почитува.
Со писмен допис го информирав  Судскиот совет да направи разграничување на седниците  и да ме информира за оние на кои можам да присуствувам . Како што е наведено во Законот,членовите на Советот по функција   не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.
Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посeтата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања,одлучив да не присуствувам на седниците исто како што тоа го правеа моите претходници.
Воедно, сакам да напоменам дека присуството на министерот за правда на седници, без право на глас не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...