HomeМинистерстваМП: Реакција на реакцијата на Судски совет

МП: Реакција на реакцијата на Судски совет

spot_img
spot_img

Министерството за правда изненадено прашува од кои причини по јавно усвоен извештај од ваша страна на 13.03.2023 година, место да  преземате соодветни  мерки, Вие после толку месеци правите дополнителен извештај (23.06.2023) каде самите се демантирате со првиот извештај воведувајќи нова пракса, за во иднина, носители на функции ( претседател на суд) да постапуваат несоодветно и спротивно на законот и етичкиот кодекс и да имаат можност да “поправат”.

Почитувани членови на Судски совет, со оваа воведена пракса  од усвоен извештај , наместо да казнувате според веќе констатираните  состојби , Вие со дополнителен извештај ПОСЛЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ, несовесно работење на носител на функција (претседател на суд) оставате  простор и можност да се врши секаков вид на влијание,  притисок и мобинг дозволувајќи да се менуваат веќе дадените искази/факти.
Не би сакале  да се сомневаме во вашето постапување, дозволувајќу му на судија кој треба да решава за судбини на граѓани а не е способен да го положи психолошкиот тест и тест за интегритет,  да биде судија а најмалку тој да раководи со позицијата претседател на суд.
Прашуваме, со кој кредибилитет и интегритет се дозволува повторно полагање, кога еден од условите за влез во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители е положен тест за интегритет и психолошки тест, кој е ЕЛИМИНАТОРЕН.
И за крај , никој не побара од Вас да спровдете психолошки тест и тест за интигритет туку да постапувате законски за неположен тест.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија