Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, за време на престојот во Турција, оствари средба со директорот на YTB – Претседатество на турците во странство и сродните заедници (ЈТБ) Абдулах Ерен.
Министерот Алиу соопшти дека со Ерен разговарале за соработката помеѓу двете земји во областа на дигитализацијата.
„На средбата разговаравме за важноста на дигиталната трансформација и брзите решенија кои Турција ги применува во земјава.
За време на средбата се договоривме соработката помеѓу двете земји да започне со можност за обука на магистерски програми на наши граѓаните во Турција од областа на ИКТ – Информациски и комуникациски технологии.
Соработката на ова област во иднина ќе се максимизира уште повеќе, бидејќи постои добра желба од двете наши страни да бидат отворени за нови идеи“, изјави министерот Алиу.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација