spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Пристапот до правдата станува достапен и за жителите на Могила

МП: Пристапот до правдата станува достапен и за жителите на Могила

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу министерот за правда Кренар Лога со градоначалникот на Могила , Драганчо Саботковски ,на жителите од оваа општина ќе им се олесни пристапот до правдата и тие повеќе нема да патуваат до Битола за да се информираат за услугите и правните совети кои може да ги добијат од вработените во подрачното одделение на Министерството за правда.

Голема благодарност до градоначалникот на општината, Драганчо Саботковски  за соработката која ја имаме и отстапениот простор во рамките на општината.
Во текот на годинава драстично е зголемен бројот на барања за примарна и секундарна правна помош, што значи дека оваа кампања дава  резултати и можност за поголема информираност.
Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на  граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин  покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...