Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули
2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 100.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година,
бележи опаѓање од 2.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули
2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0 %,
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2.7 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − јули 2023 година, во однос на периодот
јануари − јули 2022 година, изнесува 100.8.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика