spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Образование на возрасни лица во Република Северна Македонија Резултати од Анкетата...

ДЗС: Образование на возрасни лица во Република Северна Македонија Резултати од Анкетата за образование на возрасни лица, 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, од вкупниот број лица на возраст од 18
до 69 години во Република Северна Македонија, 346 155 посетувале образование и доживотно учење, од кои
167 826 (48.5 %) се мажи, а 178 329 (51.5%) се жени.
Најголемо учество во образованието (28.1 %) имаат лицата на
возраст од 18 до 24 години, додека најмалку (0.3 %) се застапени лицата на возраст од 65 до 69 години. Стапката
на лица кои учествувале во образование и обука, во 2022 година, изнесува 27.7, додека кај лицата на возраст од
25 до 34 години стапката изнесува 37.2.
Од лицата кои посетувале формално или неформално образование, 35.8 %
(124 001) посетувале формално образование, додека 71.8 % (248 582) посетувале неформално образование. Со
више и високо образование, формално образование посетувале 21.9 % од лицата, додека неформално образование
посетувале 51.1 %. Според економската активност, 41.2 % вработени лица посетувале формално образование, додека
93.6 % посетувале неформално образование. Според видот на активноста, од вкупниот број лица кои посетувале
неформално образование, 48.7 % имале обука на работното место, 37.8 % посетувале курсеви, додека 29.1 %
учествувале на работилници и семинари.
Вработените лица (52.0 %) најмногу посетувале обука на работното место,
додека неактивното население не посетувалo никаква обука. Учеството во неформалното образование поради
поврзаноста со работата е најмногу забележливо кај лицата на возраст од 35 до 44 години (29.7 %), а според половата
структура поголем процент жени на возраст од 35 до 44 години (31.0 %) посетувале неформално образование поради
поврзаност со работата, во споредба со мажите, кај кои тој процент е помал (28.4%). Во текот на 2022 година, 626 169
лица биле вклучени во процесот на информално учење.
Од нив 49.4 % се мажи, додека 50.6% се жени, а најголемо
учество во овој процес на учење е забележано кај лицата на возраст од 25 до 34 години.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...