spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим

Град Скопје: Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер.
Со Меморандумот Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна поддршка за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите.
На денешната средба, градоначалничката Арсовска го запозна градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата и ја истакна поддршката од Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...