spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение за јавноста

Град Скопје: Соопштение за јавноста

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари работна средба со дел од тимот Скопје2028 во врска со кандидатурата на Град Скопје за Европска престолнина на културата 2028, на која присуствуваше и Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На средбата се истакна дека Градот Скопје во Брисел ќе ги претстави планираните активности и културна програма кои се дел од кандидатурата за престижната титула Скопје Европска престолнина на културата 2028. Изготвена е детална програма со долгорочна развојна стратегија за културата, која содржи бројни податоци за Скопје, богататата историја и културно – историските споменици. Особено важно е што со заеднички заложби на градските и националните културни установи, на Министерството за култура, Владата и скопските општини, се движиме кон нашата цел, а Скопје доби поддршка и од голем број европски градови и културни институции.

Кандидатурата за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 претставуваше сложен процес во кој се вклучија градските и државните културни институции, многу активни чинители од областа на културата и експерти.

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...