spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: ПОВИК за 2 обучувачи за зајакнување на капацитетите на вработените на...

АМС: ПОВИК за 2 обучувачи за зајакнување на капацитетите на вработените на тема еколошка демократија и учење на правните алатки на располагање за заштита и подобрување на животната средина на локално ниво

Врз основа на потпишан работен план за соработка меѓу УНИЦЕФ и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија со опфат на активности за поддршка на младинското учество за животна средина и климатски
промени, на локално и национално ниво, Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија(АМС) објавува,

ПОВИК

за ангажирање на 2 (два) обучувачи за зајакнување на капацитетите на вработените во АМС на тема еколошка
демократија и учење на правните алатки на располагање за заштита и подобрување на животната средина на
локално ниво.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е да се спроведе ОБУКА за животна средина и климатски промени , еколошка демократија и
правни алатки.

ЗАДАЧИ НА ОБУЧУВАЧИТЕ

ОБУЧУВАЧ -1 (ОПШТ ДЕЛ- Еколошко образование и климатска писменост, Одржлив развој и одржливи
практики)
ОБУЧУВАЧ-2 (Правна и институционална рамка за заштита на природата, Национална легислатива и
препораките од ЕУ)

ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА:
• Да подготват методологија, презентација и вежби за обука на 20 учесници
• Да достават план за спроведување на обуката
• Да подготват извештај за спроведената обука и препораки за спроведување

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
• Биографија( CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
• Професионално портфолио кое задолжително ќе содржи листа на реализирани обуки со преглед на
корисници на испорачаните обуки
• Список на теми кои би се опфатиле со обуката и предлог агенда на обуката

КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
• Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантната област
• Најмалку 3 ( три) претходно спроведени обуки во релевантната област
• Одлични комуникациски/ презентациски вештини

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Обуката ќе се реализира од 15 до 17 септември 2023 во Охрид.

ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ НА УСЛУГАТА
22.500 МКД по обучувач ( бруто износ со вклучен персонален данок)
* превоз, сместување и храна се обезбедени

Повик
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да испрати пријава со бараната документација на електронската адреса на Агенцијата за млади
и спорт: emilija@ams.gov.mk најдоцна до 11 септември 2023 со назнака: ПРИЈАВА ЗА ОБУЧУВАЧ-Екологија
Некомплетните понуди нема да бидат замени во предвид.
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чии понуди ќе бидат избрани.
За сите прашања во врска со овој повик обратете се на emilija@ams.gov.mk.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте