Во соопштението се прикажани резултати од Анкетата за работна сила (АРС) за второто тримесечје од 2023 година.
Овие податоци не се споредливи со податоците од претходните тримесечја од другите години, бидејќи во 2023
година е имплементирана новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот за социјална
статистика и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 за областа на работната сила, при
што претходната Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, почнувајќи со промени во дизајнот на
прашалникот, промена во редоследот на прашања, промени и отстранување на постоечки и додавање на нови
прашања, промени во опфатот и дефиницијата за вработеност и невработеност.
Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци. Планирано е да се пресметаат
ревидирани серии на основните показатели за вработеноста и невработеноста за периодот од првиот квартал од
2009 до четвртиот квартал од 2022 година за да се овозможи споредливост на податоците.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во Макстат базата на линкот:
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика