Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 101.2, а индексот на цените на мало изнесува 101.3.
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.0 %, сирењето и урдата за 3.2 %, млекото за 2.6 %, лебот и житата за 1.6 %, месото за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, пивото за 0.3 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.2 %.
Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 11.4 %, воздухопловниот патнички транспорт за 9.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.7 %, ткаенините за изработка на облека за 3.9 %, туристичките аранжмани за 3.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.9 %, производите за домаќинството – нетрајни за 2.0 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.8 %, гасот за домаќинствата, медицинските услуги за 1.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.3 %, стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи, услугите за сместување за 1.0 %, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 %, високото образование за 0.8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, услугите за рекреација и спорт за 0.5 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %, другото образование, рестораните, кафулињата и слично за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0.7 %, маслото и маснотиите за 0.5 %, јајцата, виното за 0.4 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај другите печатени материјали за 1.5 %, обувките за 0.7 %, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи зголемување од 8.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика