HomeМинистерстваМЖСПП: Со решенија базирани на природата ќе се ревитализираат шумите во Северна...

МЖСПП: Со решенија базирани на природата ќе се ревитализираат шумите во Северна Македонија и Албанија

spot_img
spot_img

Ревитализацијата на шумите во Северна Македонија и Албанија, е важна и за нашите држави, но и за исполнување на европските цели од  Стратегијата за шумите на ЕУ до 2030 година, бидејќи природните екосистеми не препознаваат граници и бараат усогласено и одржливо управување“ – истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, на настанот во комплексот „Кораб Трница“, Национален Парк „Маврово“, со кој беше означен почетокот на проектот „Инцијативата за северни шуми: Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија.

Проектот ќе се имплементира со примена на решенија базирани на природата (Nature-based Solutions), за обновување на шумскиот пејзаж во значајни области за зачувување на балканскиот рис, особено Буковиќ во Северна Македонија и Паштрик-Морина во Албанија.

2Овој воведен настан ја означува заедничката посветеност на главните чинители во Албанија и Северна Македонија, за спречување на деградација на шумите и загубата на биолошката разновидност, поттикнување на одржливо управување со шумите и е предводник на движењето за позелена иднина за двете држави.

3Проектот е заедничка заложба и соработка помеѓу Меѓународната унија за зачувување на природата – Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Друштвото за заштита и зачувување на природните вредности во Албанија (PPNEA), поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање од Република Северна Македонија.

4Во рамки на настанот, министерката Шукова оствари билатерална средба со директорот на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), Регионална канцеларија за Европа, Борис Ерг.

5Воведно обраќање, освен Шукова и Ерг имаше и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија